Достапни линкови

Расправата во кипарскиот парламент можеби ќе се одложи


Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис

Потпаролот на кипарската влада Христос Стилианидис најави денеска дека претседателот Никос Анастасиадис повторно ќе разговара со германскиот канцелар Ангела Меркел за спасувачки план за Кипар, договорен со ЕУ. Според него, тие и вчера разговарале и Анастасиадис ја информирал Меркел за предвидената можност за намалување на потребите од кредит преку обезбедување кипарски капитал.
Кипарскиот парламент денеска треба да гласа за предлог законот за оданочување на банкарските депозити. Но, според кипарскиот грчки весник Филелефтерос лидерите на партиите во Парламентот размислуваат дали гласањето да го одложат за утре.
XS
SM
MD
LG