Достапни линкови

logo-print

Предизборна кавга за невработеноста во Битола


Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

Во Битола има околу 18 илјада невработени. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ова е последица на долгата транзиција и лошата приватизација од времето на социјалдемократите, а од СДСМ велат дека и денеска се отпуштаат работници.

Пред избори копјата на опозицијата и владината коалиција се прекршуваат околу невработеноста во Битола. Во градот каде има околу 18 илјада невработени лица политичките партии се препукуваат меѓу себе кој е виновен за моменталната ситуација. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ова е последица на долгата транзиција и лошата приватизација од времето на социјалдемократите, кога без работа останеле неколку илјади битолчани од фабриките Иднина, Свилара, Хераклеја, Жито Битола и други.
Битола е преполна со споменици од транзицијата. Битолчани со носталгија се сеќаваат на преполните автобуски постојки кои рано на утро го чекаа превозот за на работа.

„Битола е преполна со споменици од транзицијата. Битолчани со носталгија се сеќаваат на преполните автобуски постојки кои рано на утро го чекаа превозот за на работа. Бранко и неговата екипа во ’90-тите години во Битола затекнаа скапоцен камен на Балканот, единствената фабрика за ладилници во земјава каква што немаше ни во Србија, Албанија, Грција, Хрватска, Бугарија.Од овде излегуваа шлепери со пратки за Алжир, Либија, Ирак, Кина, Русија. Битолските фрижидери беа синоним за квалитет во светски рамки. Да не зборуваме за 1.500 битолчани кои останаа без основна егзистенција“, изјави Игор Хаџиевски, кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
Само во фабриката Конингот се изгубени 300 работни места. На улица останаа и над 30 работници од фабриката за производство на масло. Веднаш потоа својата егзистенија ја изгубија и 1.120 семејства чии членови десетина години работеа во „Млин Стојчев“.

Од Социјалдемократскиот Сојуз пак, обвинуваат дека и денес Македонија се соочува со економска криза и нов бран на отпуштања од работа.

„Само во фабриката Конингот се изгубени 300 работни места. Комплетниот производствен комплекс го дислоцираа во Валандово. Ова беше само почеток. На улица останаа и над 30 работници од фабриката за производство на масло. Веднаш потоа својата егзистенија ја изгубија и 1.120 семејства чии членови десетина години работеа во најгoлемиот мелничко-пекарски капацитет „Млин Стојчев“. Со значително намален капацитет и вработени работат фабриките „Планина„ и „Родон“, а 25 изгубени работни места се регистрирани во печатницата „Микена“, обвини Златко Курчиевски, кандидат за советник на СДСМ.

Според стастистичките податоци 14 проценти од невработените отпаѓа на високо едуциран кадар, а дури 30 проценти од битолчаните без работа се на возраст од 20 до 35 години. Проекти за вработување ветуваат кандидатите за градоначалници. Менде Диневски од СДСМ изедначување на условите за домашните и странскиите инвеститори и отворање на центар за мали и средни бизниси. Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ нови инвестиции во зоната Жабени.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG