Достапни линкови

ДИК ќе расправа за претставките на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Членовите на ДИК на денешната седница час и половина не можеа да го утврдат дневниот ред, бидејќи не можеа да се договорат дали да расправаат за претставките поднесени од опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои главно се однесуваат на предвремен почеток на изборната кампања. Комисијата по гласањето одлучи на седницата да ги разгледува претставките, но тие да бидат ставени како една точка на дневниот ред, а не како две како што предложи претседателот на ДИК Борис Кондарко.
СДСМ до ДИК поднесе 208 претставки, а ВМРО-ДПМНЕ 223.
XS
SM
MD
LG