Достапни линкови

Англиски џудист опериран во Прилепската болница


Болницата во Прилеп.
Болницата во Прилеп.

Пријателите Македонци на англискиот тренер по џудо Колед Чаудри му сугерирале дека во прилепската болница има специјалист кој веднаш и стручно ќе го реши неговиот здравствен проблем.

Четириесет и три годишниот тренер по џудо, Колед Чаудри (Khaled Choudhury) роден Англичанец, допатувал специјално во Македонија за да изврши операција на коленото во прилепската општа болница. Негови пријатели во Англија, Македонци, му сугерирале дека овде во прилепската болница има специјалист кој веднаш и стручно ќе го реши неговиот здравствен проблем.
Имав многу голема болка и моите пријатели од Прилеп, рекоа дека морам да одам кај лекар, јас го направив тоа, тој рече дека може да ја отстрани болката и го направи тоа. По два часа од операцијата јас можев да одам, да возам, за вежби за џудо е рано сè уште, според д-р Јованоски. Но, наскоро ќе можам без проблеми да ја работам својата работа и што е важно, да имам еден нормален живот.
Колед Чаудри, џудист.

Тој го оставил семејството во Маврово да скија и одлучил сам да допатува во прилепската болница, првин да се консултира. Ортопедот, д-р Илија Јовановски, кој одамна артроскопски ги оперира проблемите во коленото, му препорачал истиот ден, поточно по само еден час да се оперира.

„Констатирано беше дека се работи за раскин на внатрешниот менискус од левото колено и ‘рскавицата од кондилот од левото колено. Направена беше артроскопија, таа е дијагностичка и терапевтска метода, која ја изведуваме од 1996 година на нашето одделение. Операцијата беше изведена со локална анестезија, тоа морам да го потенцирам, што е многу добро, како за нас, така и за пациентот“, изјави ортопедот д-р Јовановски.

Чаудри, среќен што се поминало во најдобар ред, воодушевен е од односот на медицинскиот персонал и вели дека ќе им сугерира на своите пријатели со ист таков проблем да се оперираат во Прилеп.

„Имав многу голема болка и моите пријатели од Прилеп, рекоа дека морам да одам кај лекар, јас го направив тоа, тој рече дека може да ја отстрани болката и го направи тоа. По два часа од операцијата јас можев да одам, да возам, за вежби за џудо е рано сè уште, според д-р Јованоски. Но, наскоро ќе можам без проблеми да ја работам својата работа и што е важно, да имам еден нормален живот“, изјави Чаудри.

Вели дека не може да прави некоја посебна споредба меѓу англискиот и македонскиот здравствен систем, но во јавното здравство тврди дека има разлики. Условите во англиските болници се подобри, според него. Во јавното здравство, покрај тоа, граѓаните не треба да платат ниту денар. Но, што се однесува до тимот стручњаци кои оперираат, вели дека се подеднакво големи професионалци како и во Англија.

„Во јавниот систем вие не треба ништо да платите, но треба да чекате, зашто знаете има 70 милиони луѓе и вие мора да чекате на ред. Но, условите во оперативните сали се помалку или повеќе исти во двете држави. Се е чисто, стерилно, работи стручен тим, професионалци, кои имаат одличен третман на пациентите“, додава Чаудри.

Во ортопедското одделение и досега се оперирале Македонци кои живеат и работат во европските држави, во Австралија и Америка.

„За прв пат сега оперираме странски државјанин кој е роден, живее и работи во Лондон, Велика Британија и за нас тоа е драго, посебно за мене како доктор, за нашата установа, општата болница во Прилеп, затоа што тоа е успех не само за мене, туку за нашата екипа, а особено за нашата болница, која што за една репутација надвор ќе биде добредојдена“, истакнува д-р Јованоски.

Тој е првиот македонски ортопед што одамна специјализираше за овој метод во Шпанија. Во 2002 година овој метод го презентираше на меѓународен конгрес во Охрид, кога предизвика восхит кај колегите од светот. Годишно д-р Јованоски изведува по 70-ина артроскопски операции на коленото, без какви било проблеми. Приватно овој оперативен зафат чини 30-ина илјади денари, а со партиципација, се плаќаат по 2000 до 3000 денари.

Во ортопедското одделение, според д-р Јованоски, недостига инструментариум и апаратура, но има 6 ортопеди кои максимално стручно ги изведуваат сите оперативни интервенции во ортопедијата и трауматологија освен повредите на рбетен столб, зашто е потребен специјален тим.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG