Достапни линкови

Нуклеарната централа Фукушима делумно функционира


Јапонската нуклеарна централа Фукушима започна делумно да функционира, откако два од четирите базена за ладење на резервоарите со гориво се наполнети со свежа вода. Операторот на централата соопшти дека извршувале поправка на разводната табла, што може да биде причината за проблемот.
Токиското Електростопанство TEPCO соопшти дека температурите во резервоарите се во рамките на безбедното ниво и оти тие можат да останат четири дена без вода. Реакторите на централата немале оштетување и не се пронајдени никакви абнормалности.
XS
SM
MD
LG