Достапни линкови

Иванов присуствуваше на инаугурацијата на папата Франческо


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на инаугурација на папата Франческо на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, во присуство на голем број политички и општествени личности од целиот свет, верски челници од други конфесии и неколку стотици илјади верници.
По церемонијата, Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, остварил кратка средба со папата и му посакал успешно вршење на благородната мисија. Иванов изрaзил подготвеност за зацврстување и продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка и го поканил папaта да ја посети Македонија.
XS
SM
MD
LG