Достапни линкови

Еврогрупата дозволува даночно олеснување на помали депозити во Кипар


Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјави дека земјите членки на еврозоната едногласно го поддржале даночно ослободување на депозитите помали од 100.000 евра на Кипар. Според него, Еврогрупата предлага диференцирана ставка, но останува непроменето барањето за обезбедување на 5,8 милијарди евра.
Дипломатски извори во Брисел тврдат дека за таа цел кипарските власти биле подготвени да го зголемат еднократниот данок на депозитите над 100.000 евра од 9,9 на 15 проценти.
XS
SM
MD
LG