Достапни линкови

Инаугуарација на Папата Франческо во Ватикан


Десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан денеска присуствуваат на инаугуарацијата на Папата Франческо. По оваа миса, на која тој ги доби папските симболи, Франческо и формално станува лидер на околу милијарда и 200 милиони римокатолици во светот.
Меѓу државниците кои присуствуваа на настанот се Кристина Киршнер, претседателка на Аргентина, родната земја на папата, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот потпретседател Џо Бајден, како и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. На церемонијата присуствуваше и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што е прв пат еден поглавар на православната црква да учествува на инаугуративна миса, од „големата шизма“, разидувањето на двете цркви во 1054 година.

XS
SM
MD
LG