Достапни линкови

Цивил забележал над 1.000 изборни прекршувања


Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели нивните набљудувачи регистрирале над 1.000 прекршувања на Изборниот законик и на принципите за фер и демократски избори.

Ветувања за вработување и закани со отпуштање, нови огласи за вработување во јавни и државни претпријатија, вработување со договор за дело во фирми што се изведувачи на работи за општините, ветување или закани за укинување на социјална помош, злоупотреба на државни средства, поткуп на гласачи со пари и материјални добра, злоупотреба на деца, спроведување фиктивни анкети, говор на омраза... Ова се само дел од нерегуларностите, прекршувања на Изборниот законик и прекршувања на принципите за фер и демократски избори што ги забележале превентивните групи и проектни тимови на невладината организација Цивил – центар за слобода во досегашниот тек на предизборниот период.
Поткуп од сите видови што може да ги замислите е регистриран од нашите проектни тимови, почнувајќи од плаќање на сметките за струја, давање пари за гласови и за присуство на митинзи, од 1.000 до 3.000 денари се движи оваа награда, материјални добра, како пакети со храна, масло за домаќинствата, а забележуваме дека еден глас во некои места чини 25 килограми брашно.

Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели дека се забележани над 1.000 регистрирани прекршувања од нивните работните групи.
Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.


„Поткуп од сите видови што може да ги замислите е регистриран од нашите проектни тимови, почнувајќи од плаќање на сметките за струја, давање пари за гласови и за присуство на митинзи, од 1.000 до 3.000 денари се движи оваа награда, материјални добра, како пакети со храна, масло за домаќинствата, а забележуваме дека еден глас во некои места чини 25 килограми брашно.“

Дерала вели дека особен проблем што се забележува е злоупотребата на деца и малолетници во предизборната кампања.

„Се злоупотребуваат за присуство во штабови, за лепење плакати, он-лајн активизам итн., а исто така тие преземаат и одговорности од типот спроведување фиктивни анкети. Тука мора да се нагласи дека истите овие деца и млади се главните извори за промовирање на говорот на омраза на социјалните мрежи и ова мора што е можно поитно да се спречи.“
Сè уште не можеме да ги охрабриме граѓаните и граѓанките да го побараат своето право на институционално ниво. Мислам дека тоа ќе оди многу потешко, но она што ние го документираме, еден дел од тоа може и на институционално ниво да се искачи. Сепак, еден огромен дел ќе остане во зоната на изјави коишто ќе влезат во нашиот завршен извештај, се подразбира.

Го прашавме Дерала, колку од овие регистрирани случаи на изборни злоупотреби може да добијат институционална завршница.

„Ние се трудиме сите можни случаи да ги документираме, но имајте предвид дека луѓето се плашат, ни го кажуваат тоа во доверба, тоа е голем комплимент за Цивил, но од друга страна сè уште не можеме да ги охрабриме граѓаните и граѓанките да го побараат своето право на институционално ниво. Мислам дека тоа ќе оди многу потешко, но она што ние го документираме, еден дел од тоа може и на институционално ниво да се искачи. Сепак, еден огромен дел ќе остане во зоната на изјави коишто ќе влезат во нашиот завршен извештај, се подразбира“, вели Дерала.

Цивил – Центар за слобода од почетокот на минатиот месец има над 100 мобилни набљудувачи распоредени во сите општини во земјата, а на самиот ден на изборите оваа бројка ќе биде двојно поголема. Набљудувачите на Цивил имаат обврска да ја набљудуваат атмосферата и можните нерегуларности во поширок контекст на целата територија на земјата во подолг временски период, а не само на денот на изборите и не само на избирачките места.

СДСМ минатата недела поднесе 210 претставки до Државната изборна комисија за поведување на прекршочна постапка против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања. Тие вчера поднесоа нови претставки за испитување на случаи на злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања во јавните институции. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека токму СДСМ предвреме ја почнал кампањата и оти партиски вработува во општините каде што е на власт. За владејачката партија, опозицијата само си бара алиби за поразот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG