Достапни линкови

Колку штедењето во ЕУ е безбедно?


Согласноста на еврозоната да го спасува Кипар од банкрот само ако владата еднократно ги оданочи штедните влогови го зголеми стравувањето кај луѓето. Имено, расте сомневањето дека штедењето и во другите банки во Европската унија би можело да биде помалку безбедно отколку што се мислело претходно.

Еврозоната ќе му даде на Кипар 10 милијарди евра само доколку таа островска земја со помалку од еден милион жители собере 5,8 милијарди евра преку еднократен данок на сите банкарски влогови. За оние под 100 илјади евра од 6,7, а за поголемите до 9,9 проценти.

„Во почетокот, бев шокиран од соопштението, особено бидејќи Кипар има гаранција на влоговите. Имено, штедачите кои имаат над 100 илјади евра теоретски се заштитени од владата“, вели Ричард Велингс, од Институтот за економски работи во Лондон, додавајќи дека сега ваквата гаранција на штедните влогови не важи и оти се покажа дека имало начин како и тие да станат дел од болните мерки за штедење.

Руските вложувачи имаат ставено десетици милијарди евра на Кипар и постои сомневање дека повеќето од нив се дел од руската мафија кои во таа земја гледаат на своевиден рај за нивните пари. Германците не сакаат нивниот спасувачки пакет да заврши кај руската мафија.
Ричард Велингс, Институт за економски работи, Лондон.
Постојат разни шпекулации за тоа што ги мотивира евроминистрите да се решат на ваков потег.

Некои аналитичари мислат дека причината за директниот удар врз банките на Кипар е тоа што тие во изминативе години презеле многу лоши банкарски потези. Тука особено се спомнува големата сума пари како заеми на Грција.

Но, според Велингс, има и други причини, како на пример тоа што Кипар е рај за странските инвеститори заинтересирани за перење на нивните пари.

„Руските вложувачи имаат ставено десетици милијарди евра на Кипар и постои сомневање дека повеќето од нив се дел од руската мафија кои во таа земја гледаат на своевиден рај за нивните пари. Германците не сакаат нивниот спасувачки пакет да заврши кај руската мафија.“

Секое оданочување на влоговите ги прави кипарските банки неатрактивни и затоа без оглед дали доаѓа од Брисел или од самата Никозија, станува збор за многу ризизичен потег.

Најверојатно еврозоната нема да оди на слично решение како случајот со Кипар и за другите нејзини членки. Она што го направија со Грција сега не го сторија и со Кипар. Тие бараат различен начин за справување со кризата.
Јанис Емануелидис, Институт за европска политика, Брисел.
Велингс предупредува дека тоа би можело да предизвика повлекување на странските влогови не само од банките на Кипар, туку и од оние во другите земји на Европската унија.

„Веројатно ќе видиме бегање на сигурно, како на пример во традиционално безбедната Швајцарија“, вели Велингс.

Тоа пак, според експертите, би било неуспех на напорите на Европската унија да ги убеди странските инвеститири дека европскиот банкарски систем е безбеден.

Во декември Европската унија се согласи да ја овласти Европската централна банка директно да ги надгледува најголемите банки во Унијата и да интервенира уште на првите знаци на потешкотии.

Како и да е, некои аналитичари велат дека не би требало да се извлекуваат општи заклучоци за иднината на еврозоната само од кипарскиот случај.

„Најверојатно еврозоната нема да оди на слично решение како случајот со Кипар и за другите нејзини членки. Она што го направија со Грција сега не го сторија и со Кипар. Тие бараат различен начин за справување со кризата“. вели Јанис Емануелидис, експерт во Институтот за европска политика во Брисел. Досега еврозоната одобри спасувачки пакети за четири членки: Грција, Ирска, Португалија и Шпанија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG