Достапни линкови

Серија експлозии во Багдад на 10 годишнината од инвазијата


Iraq -- Smoke billows from the site of a blast in the Iraqi capital Baghdad, 19Mar2013

Iraq -- Smoke billows from the site of a blast in the Iraqi capital Baghdad, 19Mar2013

Серија експлозии, автомобили бомби и пукотници се регистрирани во Багдад на десет годишнината од американската инвазија со која беше урнат режимот на Садам Хусеин. Ирачките власти соопштија дека најмалку 50 луѓе загинале, а над 150 се ранети.
Цел на денешните напади се, пред се шиитите во предградијата на Багдад. Десет години по инвазијата, безбедноста и натаму е кршлива иако генерално насилството е во опаѓање.
Зад повекето од нападите стојат сунитски милитанти поврзани со Ал Каеда, а нивна цел е дестабилизација на владата предводена од шиитското мнозинство.


XS
SM
MD
LG