Достапни линкови

Автобус падна од мост во Индија - 37 загинати


Полицијата во Индија соопшти дека 37 луѓе загинаа, а 15 беа повредени кога автобус се преврте и падна од мост во западниот дел од земјата кај Ратнагори област на Махараштра.
Во автобусот биле патници кои од морското одморалиште Гоа патувале кон Мумбаи. Засега не се знае причината за несреќата.
XS
SM
MD
LG