Достапни линкови

Кипарскиот парламент решава за контроверзниот договор


Кипарскиот парламент денеска треба да гласа за контроверзниот договор за економски спас, кој вклучува и еднократен данок за заштедите во банките. Спогодбата, која беше постигната меѓу владата на Кипар и меѓународните кредитори во саботата, предизвика бес и протести на островот. Банките се затворени до четврток, поради страхувањата од навала на граѓаните.
Министрите за финансии на еврозоната во вчерашната изјава истакнуваат дека товарот од еднократното оданочување нема да падне врз малите штедачи. Според планот, оние што имаат помалку од 100 илјади евра на штедните книшки треба да платат данок од 6,75 насто, додека оние со поголеми депозити ќе имаат и повисока даночна стапка.
Инаку, овој договор ја налути Москва, затоа што многумина богати Руси имаат сметки на Кипар.
XS
SM
MD
LG