Достапни линкови

Кинескиот претседател се сретна со секретарот за финансии на САД


Кси Џинпинг

Кси Џинпинг

Новиот кинески лидер Кси Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот секретар за финансии Џек Лу. Кси ја нагласи важноста на односите на Кина со САД, а Лу изрази надеж дека Вашингтон и Пекинг ќе работат на намалување на трговските бариери и на заштита на американскиот бизнис, чии производи се копираат од кинески компании.
Во неделата кинескиот премиер Ли Кечианг вети дека ќе гради нов тип односи со САД и повика на прекинување на спорот околу сајбер- хакирањето меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG