Достапни линкови

Обама: Иран итно да ги намали тензиите со меѓународната заедница


Американскиот претседател Барак Обама го повика Иран да преземе итни чекори за намалување на тензиите со меѓународната заедница околу неговата нуклеарна програма. Повикот на Обама е објавен во вчерашната видео снимка, во време кога иранскиот народ се подготвува за прослава на празникот Новруз.
„Сега е време за иранската влада да преземе итни чекори да ја намали тензијата и да работи кон издржано и трајно решение на нуклеарното прашање“ истакнува Обама, додавајќи дека ако тоа се случи, иранскиот народ ќе почне да ги гледа бенефитите од поголемата трговија и врски со другите нации, вклучувајќи ги и САД.
За неколку дена Обама ќе ги посети Израел и Јордан, каде што иранската нуклеарна програма се очекува да биде високо на неговата агенда.
XS
SM
MD
LG