Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун го истакнува значењето на дијалогот Белград-Приштина


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го истакна значењето на дијалогот Белград-Приштина и ги повика двете страни да останат посветени на постигнувањето спогодба преку заемно прифатливо решение. Во соопштението на Бан Ки Мун, што го пренесува портпаролот на УНМИК Оливие Салгадо, се наведува дека генералниот секретар е охрабрен од настојувањата на Белград и Приштина да постигнат суштински напредок во контекст на дијалогот што го помага високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Следната рунда од разговорите е закажана за утре во Брисел, се потсетува во соопштението.
Советот за безбедност на ОН подоцна неделава, на седница во Њујорк, ќе расправа за Косово.
XS
SM
MD
LG