Достапни линкови

logo-print

Времето променливо, попладне разведрување


Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и повремено засилен југозападен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува, како и брзината на ветерот.
Утринската температура се движи од нула до шест, а дневната ќе биде од 10 до 17 степени.
Во Скопје слаб дожд е можен во раните претпладневни часови, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Преодно разведрување со повисоки дневни температури ќе има утре, а в четврток се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, локално над 10 литри на квадратен метар.

Постудено време со засилен северен ветер ќе има в петок.
XS
SM
MD
LG