Достапни линкови

Протести во Кипар против данок на банкарските депозити


Протестите во Кипар


Околу илјада лица денеска протестираа пред кипарскиот парламент против одлуката на власта да го прифати условот на Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити, пренесоа руските медиуми. Демонстрантите биле организирани преку социјалните мрежи и носеле транспаренти испишани со паролите „Не ги чепкајте нашите пари“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!“, „Не на Еврогрупата!“.
Кипарскиот парламент треба утре да расправа за предлогот, кој доколку биде усвоен штедачите ќе треба да плаќаат 10 отсто данок на нивните депозити.
XS
SM
MD
LG