Достапни линкови

Опозициски кандидати од „петката“ се сомневаат во фер избори


Кандидатите за градоначалник на Охрид, Александар Петрески од СДСМ и Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за градоначалник на Охрид, Александар Петрески од СДСМ и Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за градоначалници од опозицијата од oхридско-струшкиот регион се сомневаат дека овие локални избори ќе бидат фер и демократски и оти истите ќе поминат во коректна атмосфера.

Кандидатите за градоначалници од опозицијата од oхридско-струшкиот регион се сомневаат дека овие локални избори ќе бидат фер и демократски и оти истите ќе поминат во коректна атмосфера. Политичката битка, особено за Охрид и Струга, ќе биде неизвесна до самиот крај, затоа што сите партии сакаат во наредниот период да управуваат со овие исклучително значајни и интересни општини за нив.
Прашање е како се однесуваат партиите кои се дел од власта. Секој ден ми се јавуваат граѓани, инспекциите се на терен, парите се на терен, ги поткупуваат граѓаните и затоа напишав дали се фер или демократски, без разлика дали ние потпишуваме или не. Фер и демократски избори – да, само не треба да се преправаме дека со некои потписи тие ќе бидат фер и демократски избори.

Зиадин Села, кандидат на ДПА за Струга, вели дека потписите кои ги ставале на Кодексот за фер и демократски избори не биле гарант дека изборите ќе бидат такви. Според него, со пари се поткупувале граѓани на терен.

„Прашање е како се однесуваат партиите кои се дел од власта. Секој ден ми се јавуваат граѓани, инспекциите се на терен, парите се на терен, ги поткупуваат граѓаните и затоа напишав дали се фер или демократски, без разлика дали ние потпишуваме или не. Фер и демократски избори – да, само не треба да се преправаме дека со некои потписи тие ќе бидат фер и демократски избори“, рече Села.

И кандидатот на СДСМ за Охрид Александар Петрески не очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски.
Не е само денот на гласањето да помине мирно и да нема пукање, туку за мене фер и демократски избори се ако и во минатите четири години сме се однесувале фер и коректно. Не можат да бидат фер и коректни бидејќи јас во изминативе години бев спречуван од владата.

„Не е само денот на гласањето да помине мирно и да нема пукање, туку за мене фер и демократски избори се ако и во минатите четири години сме се однесувале фер и коректно. Не можат да бидат фер и коректни бидејќи јас во изминативе години бев спречуван од владата. 35 урбанистички планови седат во Скопје непотпишани, а тоа е барање на граѓаните“, рече Петрески.

Во фер и демократски избори се сомнева и кандидатот за градоначалник на Вевчани, Васил Радиноски.

„Се чувствува голема разлика од една страна од партиите кои се на власт на централно ниво и друга страна опозицијата. Луѓето трпат страшни притисоци по сите основи особено луѓето во државната администрација и јавните претпријатија“, рече Радиноски.

Само кандидатите на партиите од власта велат дека изборите ќе бидат фер.

„Јас ќе промовирам позитивни вредности и еден нов вид на комуникација во овие локални избори“, рече Никола Бакрачески, кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас како кандидат ќе почитувам сè како и во 2011 година, за другите кандидати ќе ги прашате нив“, рече Арбен Лабуништа, кандидат од ДУИ за градоначалник на Струга.

Кандидатите за градоначалници од 5-та изборна единица во Охрид деновиве потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG