Достапни линкови

logo-print

Иранските муџахедини одбија азил во Албанија


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша

Иранските муџахедини ја одбија понудата на албанските власти за азил на 210 нивни припадници. Според албанските медиуми, нивната организација соопштила дека има повеќе од три илјади муџахедини во кампот Ашраф во Ирак и дека нивниот живот е во опасност поради тоа што сите бараат да заминат од таму. Организацијата бара од Албанија да обезеди засолниште за многу повеќе нивни членови и оти трошоците за тоа сами ќе ги подмират. Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека им ветил на САД дека ќе прифати 210 членови на организацијата.
XS
SM
MD
LG