Достапни линкови

Хрватска ќе добие 655 милиони евра од ЕУ


Европската комисија денеска предложи да се изврши измена на годинешниот буџет на Европската унија со цел да се земе предвид влезот на Хрватска во Унијата на 1 јули во оваа година. Според предлогот, буџетот треба да биде зголемен за 655 милиони евра, кои ќе и бидат на располагање на Хрватска. Во оваа година земјата би добила 374 милиони евра, а останатите 281 милион евра ќе и бидат достапни во наредните три години.
Предлогот за менување на буџетот мора да биде усвоен од страна на Европскиот парламент и на Советот на министри на ЕУ.
XS
SM
MD
LG