Достапни линкови

Стравот отежнува прецизни предизборни анкети


Во Македонија реално станува сè потешко да се измери јавното мислење, поради стравот, пред сè кај гласачите на опозицијата, кои се плашат да го кажат политичкиот став поради страв од репресии, вели Никола Спасов од агенцијата Рејтинг.

Кампањата за локалните избори влегува во последната недела и тешко е да се очекува дека ќе има промена во веќе поставената стратегија на партиите. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во кампањата оди со ред критики за опозицијата и ред локални ветувања. Опозицискиот „Сојуз за иднината“ настапува доминантно со национални теми и ги смета локалните како референдум за предвремени парламентарни избори. Згора на тоа, по коалицирањето на партиите на Албанците во Кичево, и здружувањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга и во Кичево ги наметна и меѓуетничките теми во фокусот на кампањата за локалните избори.
Другиот ефект кој е многу поголем е тој тн. индиректен ефект, односно влијанието на анкетите врз оние кои се клучни, на англиски се вели stakeholders во политиката, или оние засегнати страни во политиката, односно финансиските поддржувачи, медиумите и сите други организации кои играат важна улога во изборниот процес.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека е генерално тешко да се промени фокусот во сред кампања.

„Сепак, онаа централна предизборна тематика, а тоа е желбата на опозицијата за предвремени парламентарни избори и повик до гласачите да излезат и да гласаат токму за да се добијат предвремени парламентарни избори мислам дека ќе остане до крај. Друго е прашањето колку тоа ќе има позитивно влијание врз самите гласачи да излезат и да гласаат“, вели Божиновски.

Како што се приближуваат изборите, интензивно се појавуваат и резултати од предизборните анкети кои покажуваат кој има најголеми шанси за победа. Во зависност од нарачателот и анкетарот, некогаш има драстично големи разлики за расположението на јавноста.

Никола Спасов од агенцијата Рејтинг вели дека директното влијание од резултатите од анкетите врз гласачите е многу мало.
„Меѓутоа, другиот ефект кој е многу поголем е тој тн. индиректен ефект, односно влијанието на анкетите врз оние кои се клучни, на англиски се вели stakeholders во политиката, или оние засегнати страни во политиката, односно финансиските поддржувачи, медиумите и сите други организации кои играат важна улога во изборниот процес и ако така се мери влијанието на анкетите, тогаш тоа би било многу големо, односно може да се случи, најголем дел од овие важни поддржувачи да отидат на едната или на другата страна“, вели Спасов.
Затоа сме сведоци на анкети со различни резултати, премногу неопределени, премногу од оние кои одбиваат и тоа, како што кажав, се должи на големиот страв што постои во моментов.

Тој посочува дека во Македонија реално станува сè потешко да се измери јавното мислење, поради стравот, пред сè кај гласачите на опозицијата, кои се плашат да го кажат политичкиот став поради страв од репресии.

„Има неколку механизми низ кои го контролирате јавното мислење, односно ја проектирате политичката определба на оние кои се кријат во анкетите. Во Македонија не станува збор за мерење на јавното мислење, туку на проектирање на јавното мислење кога станува збор конкретно за рејтинзите на партиите и на кандидатите. Малку кој во Македонија тоа го прави и затоа сме сведоци на анкети со различни резултати, премногу неопределени, премногу од оние кои одбиваат и тоа, како што кажав, се должи на големиот страв што постои во моментов.[...] Во Македонија од кога ние испитуваме јавно мислење од 2007 година досега, до 2013 година, неколкукратно е зголемен стравот кај граѓаните“, вели Никола Спасов од агенцијата Рејтинг.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG