Достапни линкови

Путин: Оданочувањето на депозитите на Кипар е нефер и опасно


Предвидените оданочувања на банкарските депозити на Кипар се нефер, непрофесионални и опасни, ја пренесе оценката на рускиот претседател Владимир Путин, неговиот портпарол, Дмитриј Пешков. Тој додаде дека Путин одржал денеска специјален состанок во врска со ова прашање. Според податоците на Мудис, на крајот од 2012-та, руските банки имале влогови од околу 12 милијарди долари во банките на Кипар, како и корпоративни депозити од околу 19 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG