Достапни линкови

logo-print

Светски државници пристигнуваат во Ватикан


Светските лидери почнаа да пристигнуваат во Рим по повод утрешната церемонија за устоличување на новиот поглавар на Католичката црква, - Папата Франческо. Во Рим веќе се американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателката на Аргентина Кристина Киршнер, а меѓу другите, најавено е и доаѓањето на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, шпанскиот премиер Мариано Рахој, како и претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе. Мугабе има забрана за патување во земји членки на Европската Унија поради кршење на човековите права, но, според дипломатските правила, тоа не се однесува и на Ватикан.
XS
SM
MD
LG