Достапни линкови

Нова рунда преговори во ОН за контрола на оружјето


Во Обединетите Нации во Њујорк денеска започнува нова рунда преговори за регулирање на светската трговија со оружје. Предвидено е преговорите да траат до 28-ми овој месец. Генералното собрание на Обединетите Нации, во обид да изврши притисок врз светските сили да постигнат договор, објави дека оваа рунда преговори е последна. Лани во јули не беше постигнат никаков договор. Повеќе држави бараат усвојување обврзувачки договор за сите држави во врска со трговијата со оружје, која се проценува на околу 70 милијарди долари годишно, со цел оружјето да не биде користено за кршење на човековите права.
XS
SM
MD
LG