Достапни линкови

Кипар решава дали штедачите ќе плаќаат данок на своите сметки


Кипарскиот парламент денеска треба да гласа за тоа дали од штедните влогови на граѓаните во банките во земјата треба да се финансира дел од меѓународната финансиска помош за избегнување банкрот на земјата. За време на должничката криза во евро-зоната се сметаше дека депозитите на граѓаните нема да бидат допрени од властите. Сепак, кипарските лидери и меѓународните претставници во саботата објавија дека се договориле дека штедачите треба да придонесат со 10 отсто од својот штеден влог во замена за понудата од 10 милијарди евра за докапитализација на банките. Овој потег ги разгневи штедачите кои оценија дека се случува легализиран грабеж. Претседателот Никос Анастасиадес вчера изјави дека договорот е „помалку болна“ опција за спречување банкрот на Кипар и излегување од евро-зоната.
XS
SM
MD
LG