Достапни линкови

Еврокомесарот Филе во посета на Белград


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска ќе го посети Белград каде со српските власти ќе разговара за досегашниот напредок на земјава во евроинтеграциите. Тој ќе има одвоени средби со претседателот, со премиерот и со претседателот на српската влада. Се очекува една од главните теми на разговорите да биде дијалогот меѓу Белград и Приштина, што е еден од главните услови Србија да добие почеток за преговори за членство во Европската унија. По Белград, Филе ќе отпатува за Косово на разговори со тамошните власти. Посетата доаѓа пред новата рунда на преговори оваа недела помеѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, минатата недела се сретна со лидерите на двете страни за време на посетата на Косово и Србија.
XS
SM
MD
LG