Достапни линкови

logo-print

Сирија - Опозицијата ќе бира премиер


Сирија.

Сирија.

Сириската Национална коалиција денеска и утре во Истанбул ќе одржи состанок на кој ќе се формира влада која треба да го предизвика режимот на претседателот Башар ал-Асад. На состанокот е предвидено да се избере премиер кој потоа треба да формира привремена влада. За местото премиер има 12 кандидати. Опозициската коалиција превидува владата што ќе се формира да управува со областите кои се под опозициска контрола и да ги координира активностите на востанието. Конфликтот во Сирија влезе во третата година. Обединетите нации соопштија дека досега во борбите загинале околу 70 илјади луѓе, а милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.
XS
SM
MD
LG