Достапни линкови

Нов обид за регулирање на трговијата со оружје во светот


Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ќе се одржи нова рунда на преговори за изработката на првиот обврзувачки договор за регулирање на трговијата со оружје во светот. Преговорите ќе траат со 28 март. Генералното собрание на ОН, во обид да изврши притисок врз светските сили да постигнат договор, ги прогласи преговорите како „конечен“ обид да се постигне договор. Разговорите во јули минатата година завршија со неуспех. Постои остра поделеност во јавноста за тоа како да се регулира овој пазар вреден повеќе од 70 милијарди долари годишно.
XS
SM
MD
LG