Достапни линкови

Протести во Будимпешта против измените во Уставот


Повеќе од 3.000 луѓе протестираа синоќа во центарот на Будимпешта против неодамнешните измени во Уставот на Унгарија. На митингот, демонстрантите носеле знамиња на Европската унија и опозициски партиски знамиња, како и транспаренти со осуди за премиерот Виктор Орбан. Парламентот на 11 март ги усвои измените и покрај загриженоста од страна на опозицијата и на меѓународната заедница. Со мерките се намалуваат овластувањата на Уставниот суд. Критичарите велат дека мерките може да доведат до рестриктивни прописи во однос на високото образование, бездомништвото, изборниот закон, како и семејното право. Орбан вели дека нема докази дека со измените се прекршуваат правилата на ЕУ.
XS
SM
MD
LG