Достапни линкови

Индија - Уапсени осомничените за силување на туристка


Индиската полиција уапсила шест мажи кои признале дека биле дел од бандата која ја силуваше туристката од Швајцарија. Полицијата соопшти дека кај приведените биле пронајдени предмети и пари кои биле украдени од жената и нејзиниот сопруг при нападот во петокот во Мадја Прадеш. Властите соопштија дека 39-годишната жена и нејзиниот сопруг биле на одмор во Индија. Според полициски извори мажот бил врзан и тепан, а жената била силувана. Таа е пуштена од болница и пренесена од Њу Делхи.
XS
SM
MD
LG