Достапни линкови

Албанија и нуди азил на иранска опозициска група


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанската Влада денеска соопшти дека ќе им понуди азил на 210 припадници на иранската опозициска група Муџахедин-ел-Калк која е сместена во американската воена база во близина на главниот град на Ирак, Багдад. Албанскиот премиер Сали Бериша по состанокот со заменик-помошникот на државниот секретар Барбара Лиф, американскиот пратеник за Ирак, Мартин Коблер и други претставници изјави дека азилот е понуден од хумаитарни причини. Владата во Багдад сака иранската група да ја напушти земјата.
Муџахедин-ел-Калк е против иранскиот верски режим и е одговорна за поголем број атентатити и бомбашки напади во Иран до 2001 година, кога се откажа од насилството.
XS
SM
MD
LG