Достапни линкови

Вершбоу - компромис за името пред сојузниците да се посомневаат во мудроста на одлуката од Букурешт


Александар Вершбоу - архива

Александар Вершбоу - архива

Заменикот генерален секретар на НАТО Александар Вершбоу при денешното обраќање во Брисел на Форумот на Маршаловиот фонд, меѓу другото, се осврна и на Македонија и очекувањата за членство во НАТО, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел.
Според Вершбоу, земјата по 20 години функционална демократија е лидер во справувањето со меѓуетничките односи, благодарејќи му на oхридскиот Рамковен договор.
Тоа го кажав и во Скопје, рече Вершбоу, каде што порачав земјата да додаде дополнителна придавка на името со која нема никој да го доведува во прашање нејзиниот идентитет.
„Затоа јас се надевам дека компромис може да биде постигнат пред сојузниците да се запрашаат за мудроста на одлуката која ја донесоа на Самитот во Букурешт“,изјави заменикот генерален Секретар на НАТО Александар Вершбоу денеска во Брисел.
Како што е познато, Македонија има отворена покана за членство во НАТО доколку постигне компромис за прашањето на името со Грција.
XS
SM
MD
LG