Достапни линкови

Жерновски - За Скопје 2014, Центар потрошил 43,2 милиони евра


Кандидатот за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски денеска на прес-конференција рече дека треба да се направи ревизија за проектот „Скопје 2014“.
Тој вели дека граѓаните мора да знаат на што се потрошени средствата. Според него општина Центар за тој проект потрошила 43,2 милиони евра, а за основни дејности, како грижата за улици, тротоари, фекална и атмосферска канализација, улично осветлување, потрошила само 18,5 милиони евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ во писмена рекација му одговорија дека општина Центар во изминатите 4 години реализирала дела колку две општини во Македонија.
XS
SM
MD
LG