Достапни линкови

Атамбаев им оддаде почит на жртвите од Аксу


Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев.

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев.

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев им оддаде почит на оние кои загинаа пред 11 години во првиот инцидент во Киргистан, кога полицијата употреби сила врз демонстрантите. Во соопштението објавено на еден ден пред годишнината, Атамбаев повика земјата да се присети на оние луѓе „кои беа во можност да го бранат и да го зачуваат Киргистан по цена на нивните животи.“ На 17 Март 2002 година полицијата во западниот киргистански град Аксу отвори оган врз поддржувачите на еден локален политичар, кој бил притворен, при што загинаа шест луѓе. Убиствата предизвикаа бран протести и незадоволство на јавноста од тогашниот премиер Курманбек Бакиев. Бакиев подоцна стана претседател, а беше соборен во април 2010 година. Неговото симнување од власт беше проследено со протести при што полицијата уби десетици луѓе.
XS
SM
MD
LG