Достапни линкови

Над 12.000 угинати прасиња извадени од реките во Шангај


China -- A sanitation worker collects a dead pig from Shanghai's main waterway, 11Mar2013

China -- A sanitation worker collects a dead pig from Shanghai's main waterway, 11Mar2013

Власите во Шангај пронашле повеќе од 12 илјади угинати прасиња како пловат во реките во и околу Шангај. Од реката Хуанпу во Шангај од која со вода за пиење се снабдуваат 23 милиони жители на тој град, биле извадени вкупно 8.965 прасиња. Се претпоставува дека прасињата во водата завршиле од фармите за свињи во градот Ѓасин, но тамошните власти велат дека нема докази дека животните потекнуваат од тој град. А во реките на тој град биле извлечени 3.601 угинати животни. Началникот за ветерина соопштува дека причина за поморот на свињите не е некоја голема епидемија, односно дека примероците биле позитивни на два вируси кои се чести кај свињите, и дека причина за угинувањето се и ладното време и температурните промени.
XS
SM
MD
LG