Достапни линкови

logo-print

Притвор за надзорник кој претепал осуденик


Кривична пријава и 30-дневен притвор доби надзорник вработен во КПУ „Идризово“, поради сомнение дека на 12 овој месец му нанел тешки телесни повреди на еден осуденик. Осуденикот завршил во болница каде му била изврешна и операција и му биле остранети бубрегот и слезината. Од извршениот преглед на бубрегот, увидено е дека бил раскинат, што според медицинските наоди можело да настане со дејствување на сила, односно како последица на удар или паѓање, иако по телото на осуденико не биле констатирани видливи модринки, крвни подливи и друг вид на повреди. Надзорникот тврди дека затвореникот не ги послушал неговите наредби и се обидел да го нападне, по што тој за да се одбрани употребил физичка сила, но и откако го соборил осуденикот на земја, тој продолжил да дава активен отпор по што надзорникот употребил гумена палка удирајќи го два-три пати по телото.
XS
SM
MD
LG