Достапни линкови

logo-print

ЕУ - Можно е нормализирање на односите меѓу Србија и Косово


Be

Be

Верувам дека е можно Србија и Косово да ги нормализираат односите, но само ако ги решат „тешките проблеми“ кои се уште ги делат двете страни, рече шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон. Ештон, која пред неколку денови беше во посета на Косово, рече дека гледа „вистинска подготвеност“ меѓу власта и опозицијата во Приштина да ги нормализираат односите.

Ештон минатата недела посредуваше во разговорите во Брисел меѓу српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Тие повторно треба да се состанат на 20 март. Србија повикува Приштина да им даде поголема автономија на етничките Срби кои живеат во северниот дел на Косово, додека Косово сака Србија да ја признае независноста на земјата.
XS
SM
MD
LG