Достапни линкови

logo-print

Ештон - Западот да биде креативен во разговорите со Иран


Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон ги повика западните преговарачи да бидат „одредени и креативни“ во разговорите со Техеран за нуклеарната програма на Иран. Говорејќи денеска на германскиот Маршалов фонд во Брисел, Ештон рече дека иранските власти почнаа да се вклучат во „вистинска дискусија“, но преговарачите мораа да сторат повеќе за да се изгради ниво на „комуникација“ и „доверба“ со иранската страна. Иран вели дека неговата нуклеарна програма е за цивилни цели. Разговорите на високо ниво меѓу Иран и шестте светски сли (САД, Русија, Франција, Кина, Велика Британија и Германија) треба да продолжат на почетокот на април.
XS
SM
MD
LG