Достапни линкови

logo-print

Повисока минимална плата во текстилната и кожарската индустрија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Зголемување на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор за 596 денари во нето износ или 1.471 денари бруто, најави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Со оваа зголемување работниците во овие секотори ќе зимаат минималната бруто плата од 10.990 денари, односно нето 6.859 денари, рече Ристовски.

Висината на минималната плата во другите сектори за 2013 година ќе изнесува 8.050 денари или 12.268 денари бруто.

Министерот рече дека по една година од примена на Законот за минимална плата нема дојави за злоупотреби или неправилности во исплатата. Законот за минимална плата почна да се применува од јануари 2012 година. Според Законот минималната плата треба да биде во износ од 39,6 отсто од просечната бруто плата во Македонија за претходната година.
XS
SM
MD
LG