Достапни линкови

Дарија Андовска - Уметниците имаат цврсти ставови кон она што им се случува!


Дарија Андовска е композитор и пијанист. Автор на оркестарска, камерна, солистичка, вокална и филмска музика, како и на мултимедијални проекти. Таа е уметница чии дела се изведувани од Русија, преку европските земји, до САД и Мексико и првата добитничка на нововотановената награда „Виртуоз“ на СОКОМ за нејзиното творештво.

Навистина ретки се уметниците кои со толку многу страст говорат за творештвото. За она за што живеат со последниот атом енергија и на што комплетно му го посветуваат сопственото битисање. Дарија Андовска безрезервно влегува токму во таа сорта. Навидум трепетлива во настапот, таа е мигновено освојува со непосредноста и вербата кон она што неуморно и над се искрено го ткае во долгите непроспани ноќи зад пијаното.
Творештвото, според мене, е единствениот начин да се биде искрен кон себе и кон светот. Тоа е рефлексија на секојдневието, на општествените, на социјалните услови и на емоцијалните случувања, на целиот пакет кој што понатака излегува како некаква композиција без разлика на тоа за кој тип на уметност и творештво станува збор. Тоа е единствен начин уметниците да се филтрираат и да го кажат тоа што мораат да го кажат и кое што мора да излезе бидејќи уметниците секогаш се луѓе кои што имаат јаки ставови во однос на се она што им се случува.
Дарија Андовска, композитор и пијанист.

„Творештвото, според мене, е единствениот начин да се биде искрен кон себе и кон светот. Тоа е рефлексија на секојдневието, на општествените, на социјалните услови и на емоцијалните случувања, на целиот пакет кој што понатака излегува како некаква композиција без разлика на тоа за кој тип на уметност и творештво станува збор. Тоа е единствен начин уметниците да се филтрираат и да го кажат тоа што мораат да го кажат и кое што мора да излезе бидејќи уметниците секогаш се луѓе кои што имаат јаки ставови во однос на се она што им се случува.“

Од таму, сосема е разбирливо што таа на неодамнешниот концерт на „Њу Лондон чембр квајр“ и на „Кројцер квартет“ во Лондон со дела на Трандафиловски, Шахов, Петровски, Андреевска, Данајловска и други, гледа како на преубава промоција на помладата генерација на наши музички творци и воопшто на современата македонска музика. Дека на тој начин тие го кажуваат својот став кон нештата.

„Тоа е многу убава промоција на македонската современа музика воопшто. Многу убав проект кој што презентира што се случува всушност во оваа наша мала земјичка тука некаде во Европа, меѓутоа сепак далеку од Европа. Нашите уметници, особено да речеме композиторите пошто со нив сум во тек, покажуваат дека и покрај тоа што не сметаат за земја од Третиот свет ние сме во тек со она што се случува, дека сме современи и дека имаме што да кажеме.“
Во последните 12 години ми се чини дека ми се нема случено да напишам композиција која не е по нарачка на некој ансамбл кој не е надвор од Македонија. Мене дури лично ме шокира кога ќе видам дури што се сум успеала да направам во своите 30-тина години, дека практично во цел свет ми се изведувале композиции. Дека нема земја, почнувајќи од Русија, па европските земји, САД, Мексико. Се е тоа покриено со изведби, снимки и концерти.
Дарија Андовска, конпозитор и пијанист.

Дарија Андовска е уметница чии дела досега се изведувани од Русија, преку европските земји, до САД и Мексико.

„Во последните 12 години ми се чини дека ми се нема случено да напишам композиција која не е по нарачка на некој ансамбл кој не е надвор од Македонија. Мене дури лично ме шокира кога ќе видам дури што се сум успеала да направам во своите 30-тина години, дека практично во цел свет ми се изведувале композиции. Дека нема земја, почнувајќи од Русија, па европските земји, САД, Мексико... се е тоа покриено со изведби, снимки и концерти. Од една страна има голема улога тоа да се биде на вистинското место во вистинското време со вистински луѓе, па тие да те запознаат, па да те препорачаат на други. Мене континуирано само тоа ми се случува. Јас никогаш не сум пробала насилно да се пробијам некаде туку едноставно ме собираат од еден фестивал на друг. Ќе ми се јават – Ни се допадна твојата музика, можеш ли да напишеш нешто за нашиот ансамбл? Кај мене тоа така функционира. Јас
не можам да кажам дека сум незадоволна, дури се плашам кога ќе видам што се сум успеала да постигнам во релативно кратко време и од друга страна тоа е обврска да се постигне уште повеќе допрва.“
Кај нас Законот за авторски права малку тешко врви затоа што двете страни и тие што треба да плаќаат авторски права и тие што треба да ги исплаќаат авторските права ја кочат работата. Се надевам дека баш поради нашиот обид да влеземе во Европска унија еден ден ќе се регулираат тие нешта. Во најмала рака дека ќе се намали плагијаторството, оти во Македонија тоа е какао заразна болест. Многу е неумесно да го кажам ова, но луѓе ако немате инспирација престанете да пишувате!!!
Дарија Андовска, композитор и пијанист.

Инаку, таа се уште нема авторски носач на звук бидејќи, како што вели, тоа е малку пообемен проект за кој човек треба да одвои време и посебно да побара финансии за негова реализација.

„Во моментов мене времето така ми е испланирано што до крајот на 2014 не можам да кренам глава. Овде мислам на едно официјално издание кое во случајов би морало да биде реализиранио преку Министерството за култура, значи некаде 1000 примероци за што јас едноставно неможам да најдам меѓупростор. За приватни презентации имам подготвено компилација која што ја давам на луѓе кои што се заинтересирани да ја чујат, ама веќе и едно цеде е малку за да го собере сето она што досега сум направила. А, на Интернет не би сакала да ги ставам поради една и единствена работа – плагијаторството. Мнозина мои колеги тоа го избегнуваат. Кај нас Законот за авторски права малку тешко врви затоа што двете страни и тие што треба да плаќаат авторски права и тие што треба да ги исплаќаат авторските права ја кочат работата. Се надевам дека баш поради нашиот обид да влеземе во Европска унија еден ден ќе се регулираат тие нешта. Во најмала рака дека ќе се намали плагијаторството, оти во Македонија тоа е какао заразна болест. Многу е неумесно да го кажам ова, но луѓе ако немате инспирација престанете да пишувате!!!“

Деновиве Андовска работи на композиција за хор која што е нарачка од организацијата МУЗМА, всушност од конфедерацијата на 14 фестивали и 30 радио станици од Европа.

Композицијата ќе се изведува на сите тие фестивали, а снимките ќе одат на програмите на радиостаниците што е многу голем проект и исто толку голема промоција на творештвото на секој уметник учесник во неговата реализација. Претходно имав концерт во Хановер, па таа композиција во неколку наврати ќе се изведува во Германија и на Балканот до крајот на годината. Имам уште една нарачка за Германија и уште една за Швајцарија. Морам да довршам еден филм и тоа е, колку што знам, само сегашниот распоред до септември . Од септември, пошто во меѓувреме секогаш влетуваат нови проекти, ќе знам за она што ме очекува понатака.

Од годинешново 36 издание на фестивалот Денови на македонска музика, Дарија Андовска заедно со Сони Петровски – претседателот на СОКОМ и Јана Андреевска, досегашниот уметнички директор на манифестацијата, вклучена е во бордот на уметничките селектори.

„Ова го направивме затоа што Денови на Македонска музика расте во се поголема манифестација и не може еден човек да го издржи целиот тој товар на организација на фестивалот. Мене лично ќе ми се изведува една композиција која што два пати досега се изведувала на манифестацијата. За тоа ќе бидат задолжени ’Реконсил ансамбл‘ од Виена, Австрија, под диригентско водство на Роланд Фрајзицер, а тука е и снимката на електронската опера која што имаше премиера во Цирих на текст на Гоце Смилевски и на Умберто Еко. Ќе одиме со снимка на тоа дело затоа што ние овде во Македонија со техниката сме малку назад и едноставно засега не постојат услови тоа да биде поинаку. Во секој случај и Фестивалот е баеги обемен и многу разнолик за да опфати што поголем број од публиката која што досега не присуствувала на Денови на македонска музика, но и да ги задоволи вкусовите на оние кои што се негови редовни посетители.“

Родена во 1979 година, Дарија Андовска дипломирала на отсекот за композиција, теорија и диригирање како најдобар студент од класата на професор Гоце Коларовски на Факултетот за музички уметности во Скопје, а магистрирала на ZHdK во Цирих, Швајцарија. Зад себе има стипендии и учества на мастеркласеви и работилници во Санкт Петербург, Белград, Дрезден, Охрид, Берлин, Цирих, Солотурн, Штутгарт, Сараево, Фрајбург, Герлиц, Утрехт... Добитник е на неколку награди, вклучувајќи ги наградите од конкурсите на pre-art, Швајцарија и на Музичка младина на Македонија. Нејзините филмови биле номинирани и наградени на фестивали како Сараевски филмски фестивал, Берлински филмски фестивал и Бриџ филм фестивал, а работи како доцент на Факултетот за музички уметности, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG