Достапни линкови

Повеќе од 3.000 учесници на Струмичкиот карневал


Дени Делев и Верица Милушева се принцот и принцезата, кои вечерва ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал. Со синоќешниот маскенбал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Според Александар Цицимов, претседател на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал 2013, годинава во карневалската поворка ќе има над 2.500 домашни и околу 650 странски учесници. Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери - празник на армасаните.
XS
SM
MD
LG