Достапни линкови

logo-print

Атниамерикански протести во Кабул


Неколку стотини жители на авганистанската покраина Вардак протестираат денеска пред Парламентот во Кабул против присуството на американските специјални сили во нивната област. Полицијата соопшти дека во главниот град на протест се собрале меѓу 200 и 500 демонстранти, кои извикуваат антиамерикански слогани и бараат ослободување на девет локални жители за кои велат дела биле приведени од страна на американските сили.

Американски официјални лица соопштија дека само четири од девететте исчезнати лица биле уапсени во заедничка американско-авганистанска акција.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи минатиот месец побара од сите американски специјални сили да го напуштат Вардак, обвинувајќи ги за убиства и за исчезнување на луѓе. Но, тој се согласи да им даде на американските команданти повеќе време да се создадат решенија за одржување на безбедноста во покраината, која милитантите ја користат како коридор за да донесат оружје во Кабул.
XS
SM
MD
LG