Достапни линкови

Туристка од Швајцарија групно силувана во Индија


Протест против насилството врз жените во Индија.

Протест против насилството врз жените во Индија.

Туристка од Швајцарија била групно силувана во рурална Индија, додека била на патување со велосипед со својот сопруг. Полицијата во Мадја Прадеш во централниот дел на Индија соопшти дека седум или осум мажи ги нападнале туристите, го врзале мажот, а потоа ја силувале 39-годишна жена во негово присуство. Напаѓачите, исто така, ги украле парите и мобилните телефони од парот. Полицијата соопшти дека жената е примена во болница. Во декември една 23-годишна студентка почина по групното силување. Од тогаш, илјадници Индијанци организираа јавни демонстрации во знак на протест против насилството врз жените.
XS
SM
MD
LG