Достапни линкови

logo-print

Кина го комплетираше новиот владин кабинет


Новоизбраниот премиер на Кина Ли Кечијанг(лево).

Новоизбраниот премиер на Кина Ли Кечијанг(лево).

Кина денеска го комплетираше новиот владин кабинет кој вклучува триесетина искусни политичари. На назначувањето на Гао Хученг, кој е школуван во Франција, за министер за трговија и меѓународниот финансиски експерт Лу Џивеи за министер за финансии се гледа како на смирување на финансиските пазари дека Кина останува доследна на својата економска политика. Дипломатот од кариера Ванг Ји, кој работеше на разоружувањето на Северна Кореја и на обновата на релациите на Пекинг со Тајван, е нов министер за надворешни работи. На чело на Централната банка останува досегашниот гувернер Жу Ксиочуан. Со формирањето на новиот Државен совет, како што се нарекува кинеската влада, се комплетира трансферот на власта на новата генерација комунистички лидери, промена што се случува секоја деценија, а почна со именувањето на новиот претседател Кси Џинпинг на 14 март.
XS
SM
MD
LG