Достапни линкови

ХРВ- Сирискиот режим ја проширил употребата на касетни бомби


Сирија.

Сирија.

Сирискиот режим ја проширил употребата на касетни бомби во рамки на битката со опозициските групи се наведува во новиот извештај на набљудувачка група на Хјуман рајтс воч.

Во извештајот се наведени теренски истражувања и аматерски видеа, според кои сириските сили во изминатите шест месеци употребиле најмалку 156 касетни бомби на повеќе од 100 локации низ целата земја.

Касетни бомби се сметаат за долгорочна закана за цивилите, бидејќи многу од нив не експлодираат веднаш. Повеќето земји ја забранија употребата на касетни бомби.

Извештајот доаѓа еден ден откако сириските бунтовници ја одбележа втората годишнина од почетокот на востанието против претседателот Башар ал-Асад. Обединетите нации соопштија дека 70 илјади луѓе се убиени, а 4 милиони раселени како последица на борбите.
XS
SM
MD
LG