Достапни линкови

logo-print

Кипар ќе добие спасувачки пакет од околу 10 милијарди евра


Кипар ќе добие спасувачки пакет од околу 10 милијарди евра, откако утринава склучи договор со меѓународните кредитори. Договорот уследи по неколкучасовни разговори во Брисел меѓу министрите за финансии од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Кипар е петта земја (по Грција, Ирска, Португалија и Шпанија) која побара од меѓународните финансиери пари за да ја преживее должничката криза со која се соочува. Одобрената помош е помала од очекуваното. Кипар првично побара 17 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG