Достапни линкови

Еден за сите...


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие избори се израз на единство. Да, Струга и Кичево се симбол на политичкото единство. Паднаа клишеата за пријателите и непријателите, за добрите и лошите, за нашите и туѓите и сите други стереотипи кои острата политичка борба ги произведе, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Потребата за индивидуалност и истовремено за припадност кај секој човек се еднакво изразени. Искажувањето на сопствен став и спротивставување со нечиј друг врз база на аргументи е постулат во демократијата и во поширока, но и во потесна смисла на зборот. Изнесувањето на ставовите, почнувајќи од секојдневниот живот, а особено во сложените односи во политиката е особено изразено, тоа e и всушност почва на политичката борба.
Сметам дека овие избори ќе бидат запаметени и по нешто друго. Нешто што недостасуваше барем според реакциите на граѓаните е единството на Македонците без оглед на политичката определба, единството на левицата и десницата во Република Македонија. За тоа зборуваме сите, кој повеќе кој помалку отворено, но сите со еднакви очекувања.

Партиите како збир на идеологија, идеи, визии и интереси на одредена група, имаат за цел освојување на власта и спроведување на предвидената програма и визија. Плуралниот систем постојано функционира и се одржува со конфронтирање на ставови, изнесување на критики (но не и на критизерство), на понуда и на разни решенија за различни проблеми.

Едноставно поинаку и не може, парламентарната демократија и не признава и не познава друг начин на функционирање.

Дури и во политичките партии кои што може да обединуваат илјадници членови и уште толку различни мислења, го движат системот и на крајот тие се филтрираат и канализираат во единствен став по одредени битни прашања.

Во контекст на иднината на државата и државните интереси, сите чинители на јавната сцена: невладините организации, партиите, разни целни групи, медиумите го креираат општиот амбиент каде би требало спротивставеноста на ставови и критичкото мислење да бидат корективи и преку меѓусебна контрола постојано и постојано да го подобруваат внатрешното делување.

Мојот впечаток е дека изминативе години кај нас сериозно се измешаа дефинициите за критика и за регулација. Тоа значеше целосно негирање на секој чекор на власта, закопување во длабоки „ровови“, па дури и создавање на атмосфера каде не само што нема усогласување на различни ставови, туку и очекување да исчезне мислењето и намерата на другите. Тоа е неприфатливо особено ако на неколку последователни избори, гласачот ја потврдил својата волја.
Овие избори се израз на единство. Да, Струга и Кичево се симбол на политичкото единство. Паднаа клишеата за пријателите и непријателите, за добрите и лошите, за нашите и туѓите и сите други стереотипи кои острата политичка борба ги произведе. Денес се важни само интересите на стружани и кичевчани и развојот на нивните градови.

Во време на предизборие сме. Се презентираат идеите за општините, се нудат проекти на начин на кој политичките партии го замислиле.

ВМРО-ДПМНЕ одбра за локалните избори програмите за општините да бидат само една сума од реалните потреби на граѓаните, но програмите во исто време и да се реални, остварливи, јасни и концизни со точно утврдени рокови и предвиден и возможен буџет, програми во кој се содржани суштински проекти за подобрување на животот и на старите и на младите, на сите граѓани во секоја
општина.

Нашата цел е кандидатите за градоначалници и советници на сите нивоа да бидат што поблиску до граѓаните. Понудата е реално остварлива и точно утврдена.

Но сметам дека овие избори ќе бидат запаметени и по нешто друго. Нешто што недостасуваше барем според реакциите на граѓаните е единството на Македонците без оглед на политичката определба, единството на левицата и десницата во Република Македонија. За тоа зборуваме сите, кој повеќе кој помалку отворено, но сите со еднакви очекувања.

Овие избори се израз на единство. Да, Струга и Кичево се симбол на политичкото единство. Паднаа клишеата за пријателите и непријателите, за добрите и лошите, за нашите и туѓите и сите други стереотипи кои острата политичка борба ги произведе. Денес се важни само интересите на стружани и кичевчани и развојот на нивните градови.

Тоа како да внесе еден нов импулс меѓу нашите граѓани. Како да дочекаа еден долго очекуван триумф. Кандидатите за градоначалници на Струга и Кичево Владимир Кочоски и Благоја Деспотоски Ташко, поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за подобра Македонија и СДСМ со коалиционите партии се соочуваат со една огромна одговорност кои во текот на својот мандат ќе треба двојно да ја потврдат довербата. Со ваквите чекори веќе може да се зборува за Европа кај нас дома. Тоа е празник за демократијата. Се премавна стереотипот дека левицата и десницата никогаш не можат да најдат заеднички јазик.

Нашиот граѓанин не смее да се чувствува како на бојно поле, не го заслужува тоа. Тој треба да има можност да избере. Неговото право за подобар живот, тоа е света обврска. Ниту една разлика меѓу политичките партии не смее да му го наруши тоа право. Велат долгиот пат започнува со еден чекор. Струга и Кичево нека се тој чекор до конечната цел... сите околу државните и национални интереси!
XS
SM
MD
LG