Достапни линкови

Црвенковски го потсетува Иванов за Експертската комисија


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски упати писмо до претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во кое го охрабрува што побрзо да покрене иницијатива за формирање експертска комисија која треба да ги истражи настаните пред и на 24 декември 2012 година согласно обврските од лидерската средба на 1 март годинава.
Црвенковски изразува подготвеност да ги достави двата предлога за членови од СДСМ и неколку предлози за претседател на комисијата околу кои, стои во писмото, би можел да биде изграден консензус.
- Земајќи предвид дека извештајот на оваа ад хок комисија треба да заземе свое место во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, а истовремено конечните оценки експертите кои ќе членуваат во комисијата во голема мера ќе ги дефинираат насоките во разговорите за предвремени парламентарни избори, мислам дека изминативе 14 дена се драгоцено време кое за жал не е искористено, му пишува Црвенковски на претседателот Иванов.
Во писмото лидерот на СДСМ ги реафирмира заложбите за целосно и ефикасно расветлување на сите околности поврзани со 24 декември вклучително и сите постапки кои на каков било начин, се вели во писмото, го доведоа во прашање Уставот на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG