Достапни линкови

И натаму без визи за Русите, ...


Владата на Република Македонија на последната седница донела одлуки за еднострано времено укинување на визите за краток престој за државјаните на Руската Федерација, Украина, Казахстан и Азербејџан за периодот од 15.03.2013 до 15.03.2014 година, изјавил за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
- Со оваа одлука државјаните на овие земји во текот на наведениот иден период ќе може во Република Македонија да влегуваат под исти услови согласно практиката која важеше и во изминатата година, со што очекуваме да се придонесе кон зголемувањето на бројот на туристи од овие земји и да се динамизира туристичката соработка, изјавил Ѓорѓиев.
XS
SM
MD
LG